Програма за 30 минутно истегнување пред работа

Едноставна и лесна програма која ќе ви одземе 30 минути од сабајлето (или сонот, кој како спиел), но свежо ќе ви го префарбаат работното утро.

Постојат многу супер вежби кои можат да се направат по дома без потребата на тегови и машини, а се способни да ви направат одлична предработна аура давајќи ви насмевка и енергија за целиот работен ден.

Одиме вака: Половина час поделен во три сегменти

  • Првите 10 минути 

Минимум доза на јога доволна спокојно да ви го протегне целото тело како и оние најзатегнатите делови, особено по лош сон. На интернет можете да најдете мал милион на кратки бесплатни 10 минутни јога сеанси како на пример ова или ова.

Доколку не сакате да бидете водени од виртуелен инструктор, и претпочитате да бидете во тишина, можете да го повторите „Поздравот на сонцето“ (Surya Namaskar) неколку пати.

  • Следните 15 минути 

За малку подбутнување на крвта низ телото одлично е да направите серија на високо интензивни мали вежби. Слободно можете да одите по овој редослед, цел кружен тренинг (едно по друго), после тоа 30 секунди пауза и така повторување за време од 15 минути.


10 Клекнувања

20 Лизгачки скокови

30 Jumping Jacks

10 Склекови

20 Исчекори


  •  Последните 5 минути

Легнете на грб и медитирајте. Концетрирајте се на дишењето со затворени очи и опуштете ги мислите. Туш !

Имајте убав работен ден!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија