Наслов

Ослободете ја напнатоста во трупот, лесно и едноставно

Понекогаш и проблемите имаат едноставни решенија. Поза мачка (Marjary asana) како дел од  јогата е вежба која е одличен начин како да се опуштите после работниот ден, правете ја секој ден и увидете ги позитивните промени. 

Оваа вежба е одлична за да го намалите стресот и згрченоста на мускулатурата на трупот која после работното време поминато на стол или по долго патување во автомобил, ќе ви се види како освежување на секој дел од вашето тело.

Доколку имате деца, воведете им ја во дневната рутина, интересна е за нив но и корисна после долгите преседени часови во ментален (школски) режим. 

Она што е позитивно кај оваа вежба е што ги ослободува (релаксира) затегнатите точки на телото како грбот, рамената, крстот, и вратот.

Изведбата е лесна, поставете го телото во поза мачка, потпрени на колената и дланките (важно е да се поставени колената под колковите, а шаките под рамената)

Вдишете додека го вдлабнувате грбот, главата зафрлете ја наназад, задржете и издишете додека образувате грбка, а главата наведнете ја надолу.  

27 Август 2013

За авторот