Наслов

Јога за стресни (балкански) мажишта

Исфрлете ги закоравените балканско полуостровски стереотипи за тоа дека јогата е дисциплина која е наменета само за жени. Секој од нас може да профитира од вежбањето јога, па макар и набилданите типци и стари баби. Рутинското вежбање на јога може да ви го подобри животот, сексот и да превенира разни типови на повреди.

Јасно е дека најголем дел од практикантите на јога се флексибилни женски во стегнати хеланки, но секој од нас, па макар и најтврдокорните мускулести планини може да имаат бенефит од оваа античко Индиска физичка, ментална и спиритуална дисциплина.

Со јогата вие можете да го подобрите вашиот ментален фокус, да се ослободите од токсините во вашиот организам, да станете подобри во кревет (и во двата вида на активности) па дури и со тек на време ќе можете да си ги допрете прстите на нозете (онаа гимнастичка вештина која не тераа да ја правиме во школо).

И знаете што се ви е потребно за вежбање на јога. Ништо посебно, само квадрат на земја, паркет или каква и да е подна структура, нормално инструктор и голема доза на волја и смиреност.

Да видиме каков аир ќе видиме ригидните ние од вежбањето на јога!

1. Ослободува од стрес
Сите ние наоѓаме начин да се справиме со дневниот стрес. Кој со чашката, кој со цигарите, некој со тренинг, џогирање итн. важно е дека таа енергија некаде мора да отиде. Епа јогата употребува бројни техники за релаксирање, кои со регуларните практикувања може да ве направат ослободени од стресот. Едноставно исклучете се од реалноста, мобилните и работата и практикувајте јога 60 до 90 минути.

2. Станувате пофлексибилни
Повеќето јога позиции (асана) вклучуваат една или повеќе спинални твистови кои ќе ви ги олабават зглобовите на 'рбетот. Ова помага во секој поглед, и тоа како.

3. Вајање на мускули
Преку јога вежбите вие ја користите сопствената маса за да градите мускули и издржливост. Преку вежбањето на долгите, екстендирани склекови и чучњеви се работат одредени мускулни групи кои стануваат посилни со секоја сеанса.

4. Превенција на повреди
Најчесто на часовите по јога инструкторите потсетуваат да ги почитувате вашите потреби и граници во текот на вежбањето. Оваа способност да се процените и скенирате ќе ви го намали ризикот од повреди за време на другите спортски активности и спортувања.

5. Имајте подобар секс
Ако ги пребаците техниките на релаксирање и дишење од часовите во кревет ќе може да се достигнете подолготрајно и поголемо уживање при сексот. Зајакнатата концентрација може да ни помогне во фокусирање и канализирање на сексуалната енергија.

6. Олабавете си го умот
Во целата таа збрка на работниот ден можеби и единствениот начин за успорување и дишење правилно е еден час мирна и спокојна јога. Вежбите за дишење наречени пранајама кои биле усовршувани со години имаат потенцијал да ве направат помирни и слободоумни.

13 Февруари 2013

За авторот