Зимско уживање на Рила и Мусала

Продолжениот зимски викенд група македонски планинари решија да го потрошат во блиските комшиски планини посетувајќи ја прекрасната Рила со највисокиот врв на Балканот, Мусала и топлите води на Сапарева Бања.

Во организација на I love hiking и П.К. Еделвајс од Скопје договорена беше посета на бугарското традиционално искачување на Мусала (2925 м.н.в). Празничниот понеделник само ја дополни можноста за уште поголемо уживање во посетата на прекрасниот планински масив во Бугарија. 

Турата започна во сабота откако во квечерината се тргна од Боровец по Мусаленскиот пат за планинарскиот дом Мусала кој се наоѓа на 2400 метри надморска висина. Следниот ден беше договорено искачување на делницата хижа Мусала – заслон „Ледено езеро“ – Мусала која групата ја помина во одлични услови и најдобар ред.

Иако временските услови не ни го пружија најубавиот поглед од највисоката точка на Балканот, целата група заедно со домаќините беше одлично расположена. Стандардната шопска (без ракија) беше направена во засолништето на врвот, а потоа следуваше слегување повторно во домот и уште едно преноќување. 

И додека во регионот сите скокаа во студена вода за Водици, нашата група понеделникот реши да се релаксира во топлите води на Сапарева Бања. Избор и пол за одмор и опоравок од викендот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија