Втор Балкански Вушу Шампионат

Вториот Балкански Вушу Шампионат оваа година се одржа во Атина. Приказната започува вака, Поканата за учество ја добив уште во октомври минатата година но, поради обврски поврзани со мојот магистерски труд незнаев дали ќе можам да го реализирам учеството на Македонската репрезентација.

Имено, мислев дека датата на одржувањето на балканското вушу натпреварување ќе се поклопи со бранењето на мојот магситерски труд , и само две недели пред почетокот на шампионатот дознав дека бранењето ќе биде во мај и го прифатив учеството. Ова значеше турбо подготовки , голема жртва, стресна организација и голем физички напор, но истовремено голема желба и мотив да се биде дел ваков настан.

Македонската репрезентација се состои од две извонредни жени и прекрасни личности. Елена Ставреска и Сашка Блажевска Чоланчевска. Елена Ставреска е мој прв член во Вушу клубот Феи Лонг, ако кажам дека е мој прв ученик неминовно е тоа да го надополнам со мудрата изрека ” најдобриот учител на учителот е ученикот”. Да се подготвува ваков амбициозен натпреварувач е вистинско задоволство. На сите тренери и инструктори им посакувам ваков вежбач, а на сите останати ваков пријател во животот. Мислам дека кажав се’, а да, освои две сребрени медаљи во извонредна конкуренција. Едната сребрена медаља прво беше златна,хаха, но Грција беше домаќин, мислам дека е јасно.

Е сега, за вториот натпреварувач, Сашка Блажевска Чоланчевска можам да кажам дека е супержена. Еве и зошто. Со Таи Чи Чуанот се запозна пред помалку од 3 години.Со редовно вежбање и голема посветеност успеа да биде вториот најдобар вежбач на Таи Чи Чуан во државава и со тоа да биде еден од Македонските претставници на Балканското Вушу натпреварување.Со оглед на тоа дека е мајка на две прекрасни дечиња, Ангелина и Гордан јас не се надевав дека воопшто ќе го прифати учеството, но таа не само што прифати туку и возеше 12 часа до Атина и потоа се натпреваруваше и успеа да добие солиден пласман 5то место во извонредна конкуренција. Морам да му се заблагодарам и на нејзиниот сопруг Александар Чоланчевски Чочо за огромната поддршка. Сашка ми дава надеж дека женсиот свет кај нас ќе се освести дека бракот и мајчинството не се пречка да се напредува во различни сфери во животот. Немам што друго да додадам освен дека сум презадоволна од пречекот и од громогласниот аплауз кога влегувавме на отворањето на шампионатот како и од самото натпреварување. Ова натпреварување ќе го паметам по многу нешта, а најмногу по дружењето, новостекнатите пријателства и животното искуство, а што друго да посака човек.