Терапевтската моќ на пливањето

Освен што веројатно е првиот избор за размрдување во топлите летни денови, пливањето може да биде многу повеќе од физичка активност и многу повеќе од обично разладување. Збор два за фантастичните терапевтски својства на пливањето.

Пливањето е еден од најпопуларните спортови на светско ниво. Неговото генерално позитивно влијание врз човековото тело и ум го прави да биде незаменлив. Не постои друг спорт кој на така ефективен начин ќе ја подобори вашата флексибилност, сила, циркулација и капацитет на белите дробови и сето тоа со минимален импакт врз сврзните ткива. Оттаму голем број на доктори и терапевти го препорачуваат или го “препишуваат” пливањето како терапевтска активност која може во значителна мера да ја подобри вашата здравствена состојба.

Артритис и фибромијалгија

Водата е средина во која 90% од телото е во пловна состојва и која на нашите зглобови им дозволува да се движат во нивниот целосен капацитет без притоа да создава дополнителен притосок. Затоа пливањето, посебно она во загреани базени, докажано е една од најдобрите опции за луѓе кои страдаат од артиртис и фибромијалгија. Топлината на водата прави мускулите да станат поопуштени и со тоа да се намали болката и крутоста. Луѓето кои патат од ревматичен артитис имаат убедливо најдобри резултати со практикувањето на хидротерапија. Во една студија објавена во Скандинавскиот журнал за ревматологија било истакнато дека кај пациенти со фибромијалгија, позитивните ефекти од практикувањето на пливање и хидротерапија биле присутни и 24 месеци по завршување со терапијата.

Проблеми со грбот

Веројатно и претходно сте чуле дека пливањето е одлична вежба за грб и за болки во грб, еве поткрепа и од науката. Група нанаучници во Финска спровела клиничко истражување која вклучувала паралелно споредување на резултати од повеќе истражувања за терапевтското својство на пливањето врз проблемите со грбот генерални. Резултатите од студијата објавени во “Clinical Rehabilitation” во Јануари 2009 го потврдуваат генералниот позитивен ефект на пливањето со хронична болка во пределот на грбот како и кај трудници со боллка во долниот дел од грбот.

Периферна невропатија

Невропатијата или нервно оштетување често се јавува кај луѓе кои боледуваат од дијабетес. Ова оштетување е особено често во пределот на екстремитетите и може да предизвика болка, скокоткање, трнење или комплетно губење на чувство во пределот на рацете, дланките, нозете и стапалата. Во едно истражување спореведено во Турција било докажано дека пливањето може да има позитивен ефект врз ваквите симптоми на директен или индиректен начин. На прво место, пливањето помага во намалувањето на телесната тежина која е еден од главните фактори за појавата на дијабетес, но исто така придонесува и во обновување на мускулното ткиво, ја враќа нервната активност и моторните капацитети.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија