Наслов

Пливаш колку што дишеш - „магичните” трикови во пливањето

Пливањето е спорт кој важи за апсолутен првак кога се во прашање бенефитите од истиот по човековото здравје. Сепак за да ги почуствувате сите бенефити, потребно е да совладате еден низбежен дел од пливачката техника, а тоа е дишењето.

Пливањето е спорт кој важи за апсолутен првак кога се во прашање бенефитите од истиот по човековото здравје. Тоа е спорт кој позитивно влијае врз тонусот на мускулите, ефективно влијае врз разградувањето на масните наслаги, дозволува подолготрајно вежбање со помал импакт, ве прави флексибилни и поседува медитативни својства. Сепак за да ги почуствувате сите бенефити потребно е да совладате еден низбежен дел од пливачката техника, а тоа е дишењето.

Ако се бавите со било кој спорт макар и на аматерско ниво, тогаш со сигурност знаете и самите сте се увериле колку е важно дишењето за време на тренингот. Правилното или неправилното дишење може да биде клучен фактор за тоа како ќе се чувствувате за време на тренингот, па дури и по него.

Во пливањето, неправилното дишење предизвикува пребрз замор и желба да застанете само по неколку веслања, нагло губење на енергијата, па дури и напади на паничен страв. 
Каде грешите?

  • Финтата е во издишувањето под вода. По земањето воздух, треба веднаш да започне издишувањето и тоа низ нос. Најголем дел од аматерите го прават токму спротивното, земаат премногу воздух и го задржуваат здивот во наредните 2-3 веслања, а тогаш е веќе касно.
  • Втора грешка која често се прави е претераното извртување и превисоко вадење на главата над вода, наместо ротацијата да оди во страна при што погледот би бил практично наназад.

Сепак за сево ова да се совлада потребни се трпение и време. Летото е пред нас, па желба за сето ова сигурно нема да ви недостига. Водата е простор во кој никогаш нема да ви биде здодевно па затоа потрудете се да го усовршите овој суштински дел од пливањето и со сигурност ќе ги почустувате придобивките од овој преубав спорт

Во продолжние погледнете го и видеото кое уште повеќе ќе ви ја доближи техниката на дишење во слободниот стил.

20 Јуни 2016

За авторот