Новогодишно трезнење во Маврово

После одлично поминатата новогодишна вечер на Водно, мала ама квалитетна дремка и правец за Маврово на отварање на ски сезона. Времето беше предобро за да се остане во кревет!

Тргнавме една кола – јас, Мартина, Гочка и Јован за да си ја отвориме годината на најубавиот можен начин, со скијање и бордање на одличните услови во Маврово. Трезнењето заврши уште со првиот мавровски воздух, а целиот ден беше убава прилика да ги подразбудиме мускулите и целата ски-моторика за претстојната сезона.