Наслов

Новогодишната магија на „Четирите скокалници”

Ок, можеби ски скоковите немаат традиција на нашето поднебје, но турнејата „Четири скокалници” од секогаш имала многубројни фанови. Повеќе од половина век, новогодишното утро на многу луѓе им започнува со овој настан.

Турнејата 4 скокалници е традиционално натпреварување во ски скокови кое се одржува речиси 70 години. За прв пат е одржана во 1952 година и до ден денес се одржува секоја година без прекин. Турнејата се одржува во две земји, Австрија и Германија, и е дел од Светскиот Куп во ски скокови. Во скоро сите изданија редоследот по кои се одржуваат натпреварувањата е идентичен:

29/30 декември- Скокалница Оберсдорф (ГЕРМАНИЈА)
1 jануари- Скокалница Гармиш Партенкирхен (ГЕРМАНИЈА)
3/4 jануари- Скокалница Инсбрук (АВСТРИЈА)
6 jануари- Скокалница Оберсдорф (АВСТРИЈА)

Скокалниците може да ги погледнете тука

Турнејата иако е дел од Светскиот куп и секоја скокалница посебно се бодува за поени во светскиот куп, сепак има прилично уникатен начин на бодување и натпреварување. За разлика од сите останати натпреварувања каде системот на натпреварување подразбира: квалификации, прва серија и втора серија при што победник е оној со најдобар збир од поени во двете серии, Четирите скокалници имаат квалификации од кои што најдобите 50 се поделени во 25 парови па преку систем на директна елиминација се бара влез во финалето. Бројката од 30 финалисти се дополнува со најдобрите 5 среќни губитници, односно со оние кои загубиле во директниот дуел но имале најдобар скор меѓу поразените. Ваквиот начин на такмичење е воведен во 1997 година со цел што поголем број на скокачи да добијат шанса за пласман во првата и втората серија.

Секоја скокалница има свој победник, а севкупниот победник на турнејата се добива со собирање на бодовите од сите четири натпреварувања. Досега убедливо најуспешни нации на турнејата се Финска и Австрија со по 16 победи, на второ место е Источна Германија со 11 победи. На индивидуален план, најуспешен скокач во историјата на Турнејата е легендарниот Финец Јане Ахонен со вкупно пет победи, зад него следи Германецот Јенс Ваислог кој е првиот скокач кој успеал да оствари четири победи на новогодишната турнеја.

Единствениот скокач пак кој успеал да победи на сите четири скокалници и на крај разбирливо да ја освои турнејата е Германецот Свен Ханавалд во сезоната 2001/2002.

02 Јануари 2018

За авторот