Летаме со Ѓорѓи Ристовски од Вертиго

Во обид да дознаеме нешто повеќе за параглајдеризмот и летањето како спорт, рекреација и авантура, решивме да поразговараме со Ѓорѓи Ристовски крос кантри пилот на параглајдер од параглајдинг клубот Вертиго. Во оваа прва епизода ќе дознаете нешто повеќе за основите на параглајдеризмот и неговата распространетост на нашето небо, за можноста да се стане пилот како и за новостите во националните лиги. Во следното видео, очекувајте нешто повеќе од техничкиот аспект на летањето… До тогаш, уживајте во летот со Ѓорѓи.