Конектинг Битола 2.0

Качвање болдер во Битола

Како дел од мини-концептот “Конектинг Битола” кој го започнавме со кратката видео репортажа за планинарењето на Пелистер, а ќе има за цел да ја следи спортска шема која кружи на и околу Широк сокак, следи опфаќање на малата болдер вежбална која опслужува голем број битолски љубители на спортското качување т.е. да бидеме попрецизни, качвањето. 

Инаку, спортско качувачкиот клуб “Вертикал” е основан во 2004 година од група качувачи од Битола. Следната година, клубот гради болдер вежбална по што и бројот на членови почна да се зголемува.

Во 2007 година беше изградена и вештачка карпа. Членови на СКК Вертикал имаат освојувано медали на државни првенства во Македонија, Србија, Бугарија и Грција. Членовите на клубои имаат качувано во Македонија (Матка, Демир Капија, Прилеп, Стење, Галичица, Плетвар и Пелистер), и надвор од државата во Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Франција, Италија, Швајцарија и Мароко.

Претходната есен болдер вежбалната беше комплетно реновирана со што се доби многу поголема површина за качување и сега овозможува поставуавње на многу потешки насоки.

СКК “Вертикал” во моментот има триесетина членови и се отворени за примање на многу други кои сакаат да започнат со спортското качување, а веќе од следната недела клубот организира почетен курс за спортско качување на кој што луѓето ќе може да се запознаат со основите на овој спорт

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија