Прилепскио гранит му го зеде умо на Грцине

Наслов

Грци го решија „проблемот“, на болдер во Прилеп

Шо ни дојде мило на душата кога видовме дека едни големи прилепски гранитни стени заедно со нешто што се вика спорт (во моментов читај - болдер) се права подлога за развивање на пријателства, дружби и спортски туризам без разлика на некои закоравени политичко-географски несогласувања и бариери..

Ги најдовме ненадејно, во џунглата од „лајкови“ на Фејсбук, и навистина ни се виде интересна приказната на група Грци кои се враќаат екстремно задоволни после поминатиот викенд на Крали Марко Болдер фестивалот, па ги исконтактиравме. 

Дечките, кои инаку се од bouldering.gr беа целосно согласни за идејата која што им ја понудивме, да формираме мала статија на нашиот портал за нивниот престој во болдеринг рајот на балканов и пошироко, а додатно бевме многу среќни кога чичко Гугл ни го преведе нивниот пост поврзан со галеријата од каде ги земавме фотките:

  • „Врати се на база по фантастичен викенд полн со карпата и убави моменти во Крали Марко Болдер Фест во Прилеп ... добие малку вкус на нашето учество на фестивалот!“
Во разговор со нив, тие ни објаснија дека bouldering.gr претставува сајт (моментално уште во изработка) кој има намера да го популаризира болдерингот како спорт во Грција. 
 
Дечките можете да ги најдете тука на Фб, ова е нивни блог, a веб сајтот е www.bouldering.gr.    
 
Позади објективите стои Gregory Ts како фотограф на агенцијата GOexperience.com.gr
 
Во продолжение следи една комшиска фото-приказна:
 

08 Април 2014

За авторот