Фудбалска трилогија

Наслов

Фудбал на три голчиња

Еволуција, револуција или емпатија кон бољи пар (читај тим) за да не се чека на празно. Како и да е оваа форма на фудбал не е од вчера но во последно време е сè поактуелна.

Типчето кое прв ги постила основите во 1960 година и додава "димензија" плус на веќе постоечкото е данецот Асгар Jорн кој во тоа време е дел од Situationist International, интернационално радикална организација со револуционерна основа која дејствува во периодот од 1957 - 1972 година и во неа членуваат авангардни уметници, политичари и интелектуалци. Неговата првична цел е да дизајнира спорт или игра која нема да биде биполарна туку ќе го отсликува општеството и неговата комплексност на пореален начин. 

Две децени од првиот регистриран натпревар на тристраниот фудбал наместо правила се користат основни принципи:  треба да исцртате шестоаголник и да го поделите на 3 еднакви дела, да се разделите на три тима кој може да варираат по број на играчи, можете и да соработувате наизменично со друг тим за да постигнете гол. Времетраењето го одредуваат учесниците со претходен договор. Нема офсајди слободни удари ниту пак судии.  

Оној тим што ќе прими најмалку голови е победник, во резултатот не се сметаат головите кој се постигнуваат се додека резултатот не е изедначен. Во тој случај се зема во предвид кој тим постигнал повеќе голови.  Оваа игра сè до 1990 година е само блед концепт кој спорадично се појавува на некоја полјанка се додека Лутер Блистет не почнува со организирање на натпревари во Италија.

Денеска е сè поприсутна во повеќе земји во форма на турнирски натпревари и се работи на дефинирање на правилата и поставување на систем на натпреварување кој ќе овозможат многу побрза експанзија на овој несекојдневен спорт кој излегува од  базичниот концепт. 

12 Мај 2013

За авторот