Џит Кун До со „Д Стронгест – Кисела Вода“

Едноставната, минималистичка и директна филозофија на борба формирана од единствениот Брус Ли, тренирана на македонски начин во главниот од „најсилните“, „Д Стронгест – Кисла Вода“.

„Д Стронгест” – Центарот за боречки вештини е основан од Алексовски Ивица и во овие клубови се изучуваат повеќе техники од боречки вештини и концепти како бокс, кик бокс, таи бокс, филипински боречки вештини, бразилска џиу џица, џит кун до, џудо, борење, винг чунг итн.

Застапени се сите боречки вештини и само по себе овој концепт е најблиску до ММА (мешани боречки вештини). Опфатени се сите ММА елементи и плус има додадено техники на удар со глава, одбрана и напад со нож и палка, техники на брзо елиминирање на противник (удар со лакт, колено, глава, убо во очи, гризење итн…). Знаеме дека денес во ММА борбите има правила и тие борби се претставени како еден вид спорт, натпревар.

Покрај техничкиот дел во голема мерка е застапени се вежбите за сила, издржливост, кондиција итн. Со ова клубот сака да создаде членови (борци) кои се силни, со завидни кондициски можности, со познавање на техники од повеќе боречки вештини кои се пред сè ПРАКТИЧНИ и ПРИМЕНЛИВИ.

Под практични се мисли на оние техники од разни вештини кои денес се употребуваат во ММА борбите, БЏЏ борбите, борбите со ножеви и ескрими, џудо, борење, таи бокс, итн… и реално се применливи. Значи, доколку некој удар, одбрана или техника успее во реален спаринг, тогаш таа е составен дел и од нашиот тренинг.

Благодарение на Алексовски кој е во добри конекции со г-дин Орсат Зовко (сопственикот на FFC – Final Fight Chmpionship, ТВ каналот за боречки спортови “Fight Channel”, менаџер на светскиот познатиот Мирко “Кро Коп” Филиповиќ…) клубот „Д Стронгест ММА Тим” е поврзан со познати ММА турнири и случувања. Во мометов се работи на отворање на македонската верзија на www.fightsite.hr (www.fightsite.mk) на која главен уредник ќе биде Алексовски

„Д Стронгест” тимот има соработка со сите клубови и оваа година треба да направат скоро 20 семинари каде што ќе биде направена размена на знаењто и тренирање на нови техники. Најстар клуб е „Д Стронгест Аеродром”, па потоа е „Д Стронгест Центар”, „Д Стронгест Карпош”, „РУТС БЏЏ Центар”, „РУТС БЏЏ Карпош”, „Д Стронгест Тафталиџе”, „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Охрид”, „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Куманово”, „Д Стронгест & РУТС БЏЏ Прилеп”.

„Д Стронгест” моментално има клубови во Скопје, Охрид, Прилеп и Куманово, но во план се отворање во Битола, Неготино, Кавадраци, Велес.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија