Бразилската капуера на македонски начин

СБК Капуера Скопје го прослави својот шести роденден. Борба, музика, танц, традиција и една роденденска торта.

Капуерата е афро-бразилска форма на уметност и културен феномен составен од боречки вештини, игра и танц. Донесена е во Бразил од Ангола во 16-тиот век. Постои круг или ринг, наречен рода. Во кругот се одвива играта составена од акробатски движења и разни удари….