Наслов

Авантурата никогаш не престанува

Доаѓате накај Охрид и сакате да го погледнете од еден поинаков агол, на пример од птичја перспектива? Авантура која ќе ве остави со  вивидни впечатоци што ќе ги памтите уште долго време... и ќе посакате повторно! Галичица како појдовно место, Охрид, Преспа и околината во визусот, поглед што не се опишува со зборови, летањето што мора да се доживее.

Параглајдерскиот клуб Вертиго е формиран пред повеќе од 10 години од група ентузијасти и љубители на летањето на кои мотото им беше "АВАНТУРАТА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА".

Вертиго не е само клуб, туку и прво лиценцирано школо за обука на нови пилоти на параглајдер. Моментално брои повеќе од 50 активни членови и пилоти на параглајдер како и неколку инструктори и пилоти на тандем параглајдер. Идеата за летање на тандеми на Галичица е стара повеќе од 10 години, но во последниве неколку години прерасна во една од најатрактивните понуди за активен туризам на Охридската ривиера.

Екипата на Вертиго која ги спроведува тандем летовите во Охрид брои повеќе членови и тоа 3-4 пилоти на тандем параглајдер, еден асистент, еден возач и неколку членови за поддршка.

Понудата за тандем летови ќе трае цело лето, а заинтересираноста е подеднакво како кај странските, така и кај домашните гости.

Летови со Тандем Параглајдер се организираат секој ден во договорени термини, а најбаран термин е оној на зајдисонце кога светлоста од сонцето е најубава и кога летовите траат подолго...

26 Јули 2013

За авторот