Приказната за професионалниот стрелец без раце

Во екот на паралимписките Игри во Рио, ви ја пуштаме кратката и неверојатно инспиративната приказна за Мет Стуцман, професионален стрелец и натпреварувач за паралимпискиот тим на САД. Иако сторијата за сите параолимписки спортисти е сама по себе инспиративна, мотивирачка и силна, видеото кое опфаќа дел од животот на Мет заедно со сите предизвици кои тој ги има надминато за да стане еден од најдобрите во неговата класа е задолжително за гледање и анализирање. 

Тука не е само стрелањето и јадењето со нозе, туку нас најмногу не фасцинираше начинот на кој тој го има бајпасирано проблемот со одговарање на телефонот…

Мет истотака го има поставено и гинисовиот рекорд за најдолгиот прецизен удар во стрелаштвото.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија