Наслов

Отворени тренинзи со екипата на „ТРЕКС” и „Крали Марко Треилс”

Иако стартот на трките е на 24 и 25 септември, тимот на Крали Марко Треилс (КМТ) поточно организаторите – клубот TREX/ПСД Макпетрол реши да отпочне со серија на отворени тренинзи кои ќе имаат за цел, не само подготовка за престојоното издание на нашата трка, туку и промоција на овој спорт. Тренинзите (дружењата) се отворени за сите оние кои веќе активно се бават со овој спорт, но и за оние кои би сакале да почнат.

„По стапките на Крали Марко" / Krali Marko Trails е трка во планинско трчање која секоја година се оддржува во градот Прилеп и неговата околина. Спортскиот настан во себе опфаќа три трки со различни должини: 16км, 31км и 90км. Трката на 90км годинава ќе се оддржи за прв пат. Таа е првата македонска ултра-маратонска трка и истата е со сертификат од светската треил организација ITRA.

Иако стартот на трките е на 24 и 25 септември, тимот на Крали Марко Треилс (КМТ) поточно организаторите – клубот TREX/ПСД Макпетрол реши да отпочне со серија на отворени тренинзи кои ќе имаат за цел, не само подготовка за престојоното издание на нашата трка, туку и промоција на овој спорт. Тренинзите (дружењата) се отворени за сите оние кои веќе активно се бават со овој спорт, но и за оние кои би сакале да почнат.

Во овој серијал ќе трчаме насекаде низ Македонија. Патеките на кои ќе се трча ќе бидат прилагодени за сите оние кои ќе се придружат како во должински, така и во висински профил. Ќе трчаме во планина, покрај реки, ќе качуваме врвови, ќе бидеме супер брзи на спустовите. Ве уверуваме дека кога еднаш ќе се решите да почнете со овој спорт, никогаш повеќе нема да престанете.

Во прилог следува галерија од првите два отворени тренинзи, првиот во околината на Катланово овој февруари и вториот во Слан дол – штипско. Следете нè на нашиот ФБ профил и интернет страна (kmt.mk) и бидете информирани за третиот отворен тренинг кој следува наскоро. Дојдете да трчаме/спортуваме/уживаме заедно, станете дел од нашето семејство.

17 Февруари 2016

За авторот