Животни мудрости од 97-годишен скијач, а не старец

Здрав и солиден муабет околу животните вредности ни споделува активниот дедо Џорџ од Америките. Тој активно скија веќе 55 години, нема намера да престане, а во последно време со другарчето скијаат единствено фрирајд. Во интервјуто тој дополнително ги открива скоро никаквите тајни на долговечноста, здравјето и неговото задоволство.

За нас, најубав цитат на дедо Џорџ беше следниов:

  • „Возраста е само број и ако дозволиш бројот да те кутне тогаш ќе бидеш кутнат. Доколку пак заборавиш на бројот и го живееш секој ден со она што го имаш, со сигурност ќе траеш подолго.”

Дел од разговорот од интервјуто што не заинтригира оди вака:
Дали правиш некои специфични вежби како припрема за скијачката сезона?

  • „Не, ја одржувам истата програма за вежање 365 дена во годината. Не правам ништо екстра, освен што играм малку голф во лето.”

Дали има тајна состојка за вашето здравје и состојба?

  • „Нее, мислам дека е важно да не се јаде премногу, јадам благо онолку колку што треба и сите работи што ги правам ги правам умерено.”

Џорџ нека ви биде мотив за ваш стремеж кон подобар и поздрав живот, а неговите мудри зборови се однесуваат на многу работи кои се веќе околу нас.

Целосното интервју следи подолу.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија