Oдговори на предизвикот, ако си доволно спремен!

Ако одамна не сте биле на камп и не памтите кога последен пат сте се предизвикале на сериозен двобој, тогаш во позиција низок старт ве чекаме повеќе од спремни да ги надминете вашите граници, бидејќи ќе влезете во „беспасошката” зона на АЛГАСАН и Бут Камп БУБАЛО!  Пријави се и освој го тоа што го заслужуваш!!! П.С. предизвиков е за позитивни типови и типки од секоја возраст и телесна тежина.

Алгасан и Бут Камп Бубало ве покануваат во периодот (април – јуни 2015) во СПОРТСКИ ЦЕНТАР ФОРЦА да бидете дел од  УЛТИМАТИВНИОТ ФИТ ПРЕДИЗВИК!

Секој вторник од 7ми април до крајот на јуни точно во 18:20 часот во Спортски центар Форца твојот тим ќе биде дел од најголемиот фит предизвик досега.
100 минути предизвик,100 минути најјаки вежби, со кој друг ако не АЛГАСАН и Bootcamp БУБАЛО!

И уште нешто: во предизвикот можат да учествуваат најмногу 40 тимови, затоа побрзај и пријави се преку формуларот подолу на странава.

Предизвикај и биди предизвикан! Докажи дека си во форма, докажи дека си најдобар!

Што треба да направиш за да се пријавиш?!

  • Креирај тим од тројца, но не заборавај: во тимот мора да има и момци и девојки
  • Дај му име на тимот. Што поопасно, тоа подобро!
  • Пријави го твојот тим најдоцна до 29.03.2015
Во продолжение можете да ги погледнете вежбите кои ќе бидат на репертоарот од предизвикот – чисто да си ги повторите 🙂
 

ОДГОВОРИ НА ПРЕДИЗВИКОТ, НАТПРЕВАРУВАЈ СЕ, ПОБЕДИ И ОСВОЈ НАГРАДА!

  • Секој вторник – награда на денот за најдобриот тим
  • Викенд на море за победничкиот тим на предизвикот: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок и вечера
  • Викенд во Лазарополе за второпласираниот тим: две ноќевања, со вклучен превоз, појадок, ручек и вечера
  • СПА-релаксација за третопласираниот тим

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО

Секој тим треба да биде составен од 3 члена
Секој тим треба да биде комбиниран од машки и женски членови
Секој тим треба да има капитен/водач
Секој тим треба да има име под кое ќе се води до крај на турнирот
Во предизвикот можат да учествуваат најмногу 40 тимови
Пријавувањето е бесплатно

БОДУВАЊЕ:

Секоја вежба носи одреден број на бодови
Се доделува по еден бод за редовност на тимот
Се доделува еден бод за тимот на денот

                 ЛИНК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ !