Спортскиот потенцијал на Дарио заплетен меѓу атлетиката и борењето

За Дарио Ивановски и неговиот потенцијал дознавме преку неговиот постар колега Игор Јакимовски.

Дарио со атлетика се занимава само 7 месеци како член на АК Работнички, а воедно тренира и е шампион на Македонија во во ММА во неговата возрасна категорија. Роден е 1997 и живее во населбата Илинден, Скопје. Случајна средба го спојува Дарио со Игор каде по кратка консултација Игор решава да се посвети и да го советува во тренинзите.

Според зборовите на Игор, денот на Дарио не завршува без два тренинга, секогаш со волја за повеќе и тренинг без колебање.

Оваа година Дарио настапуваше на петнаесетина трки на дистанци од 3000м до полумаратон. Постигнува неверојатни резултати за неговите години. Истрчувајќи го неговиот прв полумаратон во Котор и освојувајќи пиедестал – 3то место со време од 1час 23мин, односно со ритам под 4 мин на 1км.

На последните две трки – финале на купот на РМ за младинци постигнува неверојатен резултат на 3000м – 09.05, кој преставува најдобар резултат на оваа дистанца во МК во последните 10 години, а веќе следниот ден го освојува и првото место на овој куп на 5000м.

На балканското првенство во Романија за младинци оваа година постигнува време на 5км под 16мин = 15.58, нешто што оваа сезона им успеа само на двајца врвни атлетичари од МК (Кокан Ајановски, Димитар Илиев и Милос Ранчич да го остварат – под 16мин).

Дарио од трка на трка ги поместува своите граници и незнае за доста, а има само 18 години.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија