Ова старче успеа да ги мотивира сите!!

Иако можеби малку касно ви ја пренесуваме оваа вест, но нас ни ја исполни душата откако дознавме дека ова активно старче на свои 73 години после четири неуспешни обиди, во петтиот, оваа година, успеа да ги мине 100-те милји на Ултра Треил ду Монт Блан. Нека биде ова една убава мотивација за сите нас, без разлика на годините. 

 

73 годишниот Кристоф Гаигер од Швајцарија веќе четири години по ред учествува во најпознатата и најпосетената трка во планинско трчање – Ултра Треил ду Монт Блан која се одвива околу цел масив на највисокиот врв на Алпите, а оваа година конечно успеа да го оствари својот сон т.е. да ја заврши трката.

УТМБ е долга 170 километри и зачинета со 10000 вертикални метри на качување и симнување што ја става во ранк на најтешките ултра-маратонски трки на светот. Лимитот за нејзино завршување е 48 часа т.е. два полни дена, а поради самата тежина на трката, во просек најголем дел од натпреварувачите (секоја година стартуваат околу 2500) ја завршуваат во периодот од 35 до 48 часа.

Кристоф оваа година се бореше со временскиот лимит и успеа да го фати непосредно пред крајот. Тој како единствен учесник во 4-тата дивизија на ветерани – натпреварувачи стана најстариот финишер на УТМБ во неговото 13 годишно постоење.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија