Наслов

Здравјето си бара годишен одмор

Неколку интересни научни аспекти за тоа што се случува со вашето здравје кога претерувате со работа и не добивате вистински годишен одмор.

Работните обврски и животот честопати знаат да бидат малку напорни за терање па голем број на луѓе не можат или пак немаат услови да земат барем еден асален, официјален годишен одмор, надвор од сите домашни обврски, некаде на планина, езеро, море...

Сепак, сè поголеми се и научните докази кои велат дека прескокнувањето на годишните одмори претставуваат една сериозна закана за човечкото здравје, па затоа прочитајте, информирајте се и направете напори да си го добиете она што вам и на вашето тело ви следува - еден вистински летен, зимски и ли каков и да е одмор. 

Што се случува со телото?

Во 1991 година беа извадени резултати од долгогодишна студија која вели дека долготрајното непрактикување на годишен одмор може да штети на срцевото здравје. Домаќинките кои во текот на животот имале по два одмори на годишно ниво имале скоро двојно помалку шанси за срцеви заболувања, а исто така и луѓето кои работеле повеќе од 10 часа на ден имале и до 80 проценти поголеми шанси за овие состојби. 

Што се случува со вашиот ум?

Одморот од вашите дневни работни активности е докажано дека влијае погодно за вашиот ментален статус. Резултатите од една неодамнешна студија велат дека оние луѓе кои работат по 11 и повеќе часови на ден имаат два пати поголеми шанси за епизоди на депресија во споредба со оние што работат 7-8 часа дневно. 

Како одморот влијае врз вашата работа?

Сигурно сте осетиле како имате повеќе енергија и желба за работните обврски откако ќе се вратите свежи после добар одмор. Не е ништо чудно што се повеќе резултати укажуваат дека одморот на работниците е една од најважните работи за квалитетно функционирање на фирмите. 

Одмарањето позитивно влијае на креативноста, на размислувањето и когнитивните функции и го прави работникот поефикасен и работоспособен. За споредба на ова, оние работници кои се уморни и работат повеќе отколку што треба покажуваат многу послаба продуктивност со текот на времето. 

Слободно споделете ја оваа статија на вашиот шеф и уживајте во одморот :)

09 Септември 2015

За авторот