Адаптирање на вежбањето во услови на загаден воздух

Наслов

Како да се заштитите од смогот додека сте активни

На крајот на краиштата, човек (што нема здравствени проблеми) не може да чека цела зима (па и лето) за да помине загадувањето и да отиде да се истрча, извежба... Мораме правилно да се справиме со проблемот и активираме. Еве вака...

Во оваа статија имате неколку едноставни начини како да си го олесните дишењето кога навистина „не се дише“ и да си продолжите со вашите физички активности.

Носете маска додека сте надвор, ама не било каква.. Гледајте да има N95 заштитен слој кој докажано ги блокира 95 проценти од опасните ситни честички. Иако ова може да ви попречи на правилната респирација, подобро е да се спречи сета таа нечистотија отколку да се вдише.

Бегајте од големите улици и булевари. Загадувањето значително се намалува кога се оддалечувате од главните улици. Дрвата нудат заштита!

Започнете рано! Озонот кој е една од главните состојки на смогот се создава кога сончевата светлина реагира со честичките во воздухот, па затоа загадувањето расте во текот на денот. Темпирајте ја вашата физичка активност на отворено спрема претходниов факт.

Избегнувајте ги пиковите на загаденост. Следете го загадувањето на воздухот на веб страната за јавно и онлајн мониторирање на квалитетот на воздухот во државава и избегнувајте ги они денови со виолетови и портокалови ѕвездички. Направете пауза тој ден. 

Внесете повеќе антиоксиданси. Во теорија, антиоксидансите од исхраната треба да нè заштитат од оксидативните оштетувања предизвикани од загадувањето. Иако сè уште не е целосно докажано за овој нивни ефект, ништо нема да ни наштети ако јадеме повеќе овошје и зеленчук. 

Вежбајте во затворено. Некогаш „не е тоа-тоа“ ама е подобро кога нивото на загаденост е големо.

20 Декември 2013

За авторот