Вежби за МАЖИ

Баш така, да не го ставаме сега пенисот во наслов, моравме да го вметнеме некаде овде. И да, би ги вежбале за подобар сексуален живот, против еректилна дисфункција и како чаре за предвремена ејакулација. 

Ако досега за Кегеловите вежби сте слушнале единствено во корелација со некоја бремена жена, од нас ќе дослушнете дека се супер-екстра кул и за мажите. Кај трудниците се работат како припрема за пораѓај и за поинтензивен сексуален живот, но за тоа ќе одвоиме една цела статија во продолжение. Сега одиме на мажиштата. 

Нова студија правена токму со овој тип на вежби кај посилниот пол открива дека вежбањето и зајакнувањето на мускулатурата на перинеумот т.е. меѓуножјето доведува до подобрување во состојбите како еректилна дисфункција односно импотенција и предвремена ејакулација.

Според еден од докторите и лидерите на ова истражување, урологот др. Ендру Сигел колку посилни се овие мускули кои го обиколуваат пенисот толку мажите имаат подобра контрола во ригидноста кога се во акција, а исто така полесно го одолговлекуваат оргазмот со тоа што силно ги контрахираат и стискаат овие мускули.

Друга студија од 2005 година пак покажала дека 75 посто од мажите имале подобрена еректилна функција откако правеле Кегелови вежби, а на 61 процент им била излечена состојбата на предвремена ејакулација преку рехабилитација на овие мускули. 

Иако во проблематиката постојат и многу други бројни причини за овие состојби, и Кегеловите вежби не се во можност да делуваат кај сите овие, нема ниту една причина зошто не би ги правеле. 

Како се работат:

Многу лесно. Контрахирајте ги мускулите на меѓуножјето како кога се обидувате да си го стопирате нагонот за мокрење за околу 1 до 2 секунди. Притоа, сконцентрирајте се да ги изолирате и користите само пелвичните мускули, не и задникот или нозете. Потоа отуштете. Направете 3 сета од по 30 повторувања со 1 минута пауза помеѓу сетовите. Правете го ова секој ден за време од 3-4 недели. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија