Вежби со своја тежина или машини со отпор, што е подобро?

И со двете опции можете да ја зголемите силата и да го дефинирате своето тело, но на што треба да одвоите повеќе од вашето скапоцено време за вежбање?

 

Можете да ги оставите машините со отпор и да сенасочите се кон одделот за слободни тежини. Вежбите со слободни тежини нудат многу предности, особено за жените, вели Крег Балантајн, сертифициран тренер и автор на “Turbulence Training”.

Машините не се толку ефикасни бидејќи таргетираат само една или две мускулни групи оддеднаш, додека вежбите со сопствена тежина и со тегови, вклучуваат активација на неколку мускулни групи во едно движење. Така, различни делови од телото се наведени да работат како тим со што се подобрува неговата координација.

Кога вежбате со слободни тежини стекнувате стабилност на трупот, така што ги зајакнувате стомачните мускули и останатите мускули на трупот дури и кога не правите вежби кои ги таргетираат овие мускулни групи.

Машините за отпор се помалку соодветни за жените, поради првичниот факт што тие се направени по мерка за мажи. Машините не се соодветно дизајнирани за жени, па затоа тие често се чувствуваат чудно и несоодветно кога ги изведуваат вежбите, вели Балантајн.

Балантајн прави исклучок за машините кои се пофлексибилни и вклучуваат повеќе мускулни групи со поголем дијапазон на движења. Во останатите случаи, вашиот најдобар влог е да се затегнете и тонизирате со тегови или да правите движења што го мобилизираат целото тело како отпор. Според него, основните позиции и движења со своја тежина како штица, странична штица, чучњеви, склекови, мост и слично, се одлични вежби кои треба да ги вметнете во вашата дневна рутина, особено ако сте почетник.

Во Видео тренинг можете да најдете тренинзи од секаков тип, за различно ниво на спремност, особено вежби со своја тежина и вежби со слободни тежини.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија