Наслов

Вежбањето е најјакиот иљач

А, што ако ти речат дека исто ти се фаќа да вежбаш и пиеш апчиња. Што попрво ќе правиш?

Според новиот извештај од една поголема статистика, физичката активност е ефективна исто толку колку што се ефективни и најфрекфентните препишувани лекови во третирањето на одредени болести кои се главните причини за морталитет. 

Во принцип, постојат многу малку студии кои директно прават компарација помеѓу одреден медикаменти и физичка активност, а уште помалку ги има оние кои ги компарираат исходите од овие две ставки врз морталитетот. 

Затоа, еден професор и еден студент од Универзитетот Станфорд во Калифорнија, решија да направат компарација на ефектот на лековите и вежбањето во намалувањето на морталитетот кај луѓе кои биле дијагностицирани со една од четирите состојби: срцеви болести, хронична срцева слабост, мозочен удар и дијабетес. 

Преку собирање на повеќе од 350 различни претходни студии и експерименти (во кои учествувале вкупно 340,000 испитаници) и нивно статистичко обработување и споредување, двајцата дошле до интересни резултати. Имено, од оваа огромна бројка, само 57 експерименти, односно на 14,000 волонтери била тестирана ефективноста на вежбањето како лек.

Сепак, и покрај малиот број на резултати и испитаници за ефектот на вежбањето врз болеста, резултатите константно покажувале дека физичката активност дава ист ефект како и медикаментите за одреденото заболување.

Оние срцеви болни кои вежбале имале исти шанси за морталитет како и оние кои пиеле медикаменти како АКЕ инхибитори, статини и антикоагуланси. Слично било и со дијабетичарите и оние кои преживеале удар, а само оние кои имале хронична срцева слабост имале подобар исход од лековите во споредба со вежбањето. 

Др. Џон Јоанидис вели - „Нашите резултати откриваат дека физичката активност може да биде многу потентен лек, а за додатни информации потребни ни се многу повеќе студии.“

11 Декември 2013

За авторот