Вашите лични и персонални „карики“

Неколку повици до локалната полициска станица за тоа што луѓето приметиле човек кој виси од балонот со топол воздух испаднаа дека се тестирање на ново парче опрема кое ќе ти овозможи да правиш згибови и подигнувања на било кое место што ќе помислиш.

Се работи за новиот продукт измислен од двајца момци од Боулдер, Колорадо кој се вика Monkii Bars и претставува симплифицирана верзија на гимнастичарските карики (кругови) само што овој има различна форма, но потполно иста, па дури и подобра цел.

Кариките се фиксни во гимнастичарската сала, Монки Барс можеш да ги спакуваш во ранец и да ги поставиш на било кое место каде што сакаш да го реализираш твојот bodyweight тренинг. Згибови, крстови и што ти душа сака, на дрво во парк, на скелето кое што слуши за реновирање на фасадата од твојата зграда, дури и во екстремни случаи висејќи од балон со топол воздух кој е на некоја солидна висина.

 

Изумот е прилично едноставен, а најчесто таквите работи се најфункционални. Направен е од две бамбусови прачки низ кои што се протнати кабли од падобран и мали метални направи кои функционираат на фрикција (триење) за да овозможат „заклучување“ на каблите на што и да помислите.

Спектарот на вежби кои можете да ги правите е огромен во зависност од тоа како ќе ги поставите каблите. Згибови, подигнувања, спуштања за трицепс, веслање, чучњеви на една нога, гимнастичарски потези итн.

Моментално се на Кикстартер и чекаат собирање на фонд кој ќе овозможи помасовна продукција.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија