Наслов

Стереотипна теретана со добра причина

Голем дел од популацијата која има прекумерна тежина се срами да спортува во теретана. (Заобиколување на проблемот!) Правиш теретана во која не смее да стапне слаб човек и која прима исклучиво луѓе кои имаат саглам килажа за слабеење и добиваш најпозитивни реакции.

Во ноември 2011 година, 165 кила тешкиот Францис Висниевски од Чикаго искрснува со една идеја. Тргнувајќи од фактот што самиот тој поради срамот што го снаоѓал кога одел на фитнес во регуларните теретани покрај згодните момци и девојки често се откажувал и едноставно несакал тоа да го прави тој решава да отвори сопствена теретана.

Теретаната не е баш целосно јавна и отворена, бидејќи влезот не дозволен за слаби и згодни луѓе, туку стриктно за луѓе кои имаат повеќе од 22 килограми за ослабување. Во теретаната можеш да влезеш само ако преходно бидеш измерен и ги имаш потребните спецификации.

Година потоа, во септември 2012, од што толку бил „утка“ бизнисот, Френцис отвара уште една ваква тематска теретана во Далас. 

Целта на теретаната е да се помогне оваа група на луѓе да се чувствуваат опуштено со тоа што ќе бидат далеку од можните предрасуди и ќе можат полесно да се сконцентрираат на вежбањето и слабеењето.

Downsize Fitness работи по програма која е инспирирана од риалити шоуто "The Biggest Loser" каде што натпреварувачите следат одредени режими за слабеење и се натпреваруваат во тоа. Сесиите се водени од професионални тренери (повеќето од нив биле со прекумерна тежина во минатото) и нутриционисти и доста добро се работи на мотивацијата. 

Идејата е начекана на позитивен волеј од страна на таргетираната популација и теретаните моментално бројат 140 луѓе во Чикаго и 180 во Далас, а секојдневно пристигнуваат огромна бројка на мејлови во кои се моли за отварање на нови објекти во други градови.

23 Мај 2013

За авторот