Секој со своите причини за спорт

Наоѓате ли изговори кога наближува мигот за вежбање? Ви претставува ли тежина помислата за самиот чин? Резервирате ли време во неделата кога му се посветувате на своето тело и дух за да достигнете повозвишена благосостојба?

 

Подобро сконцентрирајте се на овие прашања бидејќи тие се од витално значење за вас и вашиот квалитет на живот, во правата смисла на зборот. Некои луѓе ги немаат ни основните предуслови, а сепак се трудат и постигнуваат успеси…

На видеото е прикажан американецот Стив Бел за рекламната кампања на Dick’s Sporting Goods, кој дефинитивно умее да инспирира со својата животна приказна.

Тој е роден со Муковисцидоза или попозната како Цистична Фиброза (ЦФ), која му е дијагностицирана уште како бебе на 3 месеци.

Сепак, состојбата на 29-годишниот Стив не го спречила да се занимава со спортови и трчање, кои воедно најмногу го исполнуваат.

Утринското трчање го оформило неговиот живот и покрај тешката процедура со која секојдневно се соочува, односно час и половина време кога прима над 50 апчиња и користи инхалатор.

Според Стив, главната причина зошто трча секој ден е бидејќи знае дека еден ден веќе нема да може да го прави тоа.

Затоа, здравите луѓе кои не се физички активни поради милион и една причина, треба да ги  ревидираат приоритетите и важноста на проблемите и да го направат одлучувачкиот чекор кон подобар живот.

Сега, која е вашата причина за спорт?

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија