Совети за дигитален детокс

Бидете реални со себе, колку пати во денот сакате да го акнете телефонот од земја? Па направете го де еднаш тоа, ќе ви олсени.

Секојдневието на човекот станува сè повеќе опседнато со дигиталните уреди, мобилни апликации, компјутери, мејлови и социјални мрежи така што самите се доведуваме во ситуација да робуваме на електронските комуникациски зданија околу нас, а за сметка на тоа, се забораваме себеси.

„Детоксифицирањето” од електрониката околу вас, односно откачувањето од сурфањето на интернет, гледањето на нечии социјални профили или играњето на некои прости апликации знае да го направи човекот попродуктивен, посвесен за себеси, делува на квалитетот на сонот и има низа други полезни ефекти.

Земете го фактот што пореткото проверување на електронско сандаче е поврзано со намалување на психолошкиот стресе што го трпи човекот објавено во една канадска студија и ќе ви стане појасно.

Да се разбереме дека во денешницава човек не може целосно да се откачи од овие уреди (бидејќи истите се навистина полезни во една друга смисла), сепак, секој од нас може да олабави, само треба да знае како. Во продолжение неколку совети за дигитален детокс:

1.  Некои апликации на телефонот го олеснуваат животот, некои го прават беспотребно преполн. Удрете го есапот за тоа што навистина ви користи во животот, сè друго избришете. Раат.

2. Заборавете го телефонот дома кога одите на вежбање или ако ви треба за следење на вашата активност тогаш исклучете му ја мрежата (т.е. ставете го во опција на „летање” иако не летате). Вежбањето е време за вас, а не за вашите социјални статуси и комуницирање со пријателите кои се пред екран.

3. Регулирајте ги алармите и нотификациите. Непотребните звуци, вибрации или нападните музики на вашиот аларм ви прават стрес на вашиот организам. Дополнително, направете промена во вашето однесување во однос на новите пораки. Не ги очекувајте, не проверувајте на секоја минута, не се притресувајте, едноставно реагирајте кога треба, како што треба, нормално, кул.

4. Кога се социјализирате со луѓе кои се вистински пред вас, престанете да се социјализирате на чудните социјални мрежи. Едноставно исклучете го интернетот и уживајте со пријателите, партнерот или кој и да е.

5. Знаеме дека весниците се каде-каде подалеку во брзината на пренесување на информациите во однос на интернетот, ама купете си весниче, мераклиски е да си плукнеш меѓу прстите и да си го прелисташ медиумот во рака. Интернетот не мириса никако, весникот има шмек. Истото важи и за книгите.

6. Ставете забрана на електронски уреди во кревет. Спалната е за спиење, а не за ѕверење во компјутерот – нешто што негативно влијае врз вашиот сон.

7. Правете паузи од компјутерот. Искочете на тараса, погледнете во небото, накај планините и одморете си го телото.

ИМАЈТЕ ПРИЈАТЕН ДЕН

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија