Скокај без да те чујат комшиите

Ви се вежба ви се плаче, а надвор врне, додека во стан сè се слуша. Особено ако ви се скока на HIIT тренинг… Епа има неколку финти кои можете да ги примените за да не ве ограничува просторот и времето, да не ве интересира дали градбата на зградата има тенки или дебели ѕидови или да ве тера го одложувате тренингот, а со тоа и вашата топ форма, за подобри времиња. 

1. Можете да си набавите мека кујнска простирка

Кујнската простирка освен што служи за оленување на болката во колената додека стоите миејќи садови или подготвуваќи некој оброк, може да послужи и за скокање. Неверојатно е колку го амортизира ударот. Ако не можете да најдете ваква простирка може да поставите неколку јога простирки една врз друга.

2. Фокусирајте се на подобрување на формата

Ако се приземјувате премногу гласно, ќе пострадаат вашите колена, зглобови и грбот. Затоа потрудете се да се приземјувате што по нежно и тивко, така што ќе го вкучите целото тело при извршување на оваа задача. Можеби на почеток нема да бидете во можност да направите повеќе повторувања, но како ќе зајакнувате така ќе ви биде полесно да ја зголемите бројката. 

3. Скокајте под вратите во вашиот стан

Можеби ви звучи чудно, но обично овие места се потпорни столбови на зградата и звукот помалку се пренесува на подолниот кат. Можеби ќе ви треба малку креативност за да ги изведете вежбите во тој мал простор, но сигурно ќе ја намалите шансата за бучава.

Бонус: Ако имате балкон и добри временски услови, добро е да го искористите и за физички активности. 

4. Користете го заедничкиот простор (ова важи за помодерни згради)

Ако практикувате да тренирате рано наутро или доцна навечер заедничкиот простор во зградата може да ви послужи како сала за вежбање каде што на никого нема да му пречите. Освен што комшиите може да ве гледаат малку зачудено…

5. Разговарајте со вашите соседи

Нема ништо страшно во тоа да ги прашате соседите кои живеат околу и под вас дали би им пречело ако вежбате, кое време би било најадекватно за тренинг и колку долго да трае. Отворениот пристап е подобар од тивката омраза. Во секој случај шансите за компромис се поголеми. 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија