Мрачната страна на Олимпијадата

Синдром на пост-олимписка депресија – што, зошто, како?

По завршувањето на олимписките игри, повеќе од 11000 спортисти од целиот свет го напуштија Рио и буквално слета во секојдневието и нормалниот живот. Голем број со медали и остварени сништа, други со изјаловени обиди да се стигне до врвот, но и едните и другите склони кон еден синдром кој се почесто ја прати Олимпијадата. 

За најголем дел од спортистите кои целат кон блескава кариера и освојување на некаква заслуга на олимписките игри, тоа значи дека спортот повеќе не е твое хоби и пополнување на време во текот на денот, туку претставува твоја кариера. Овие луѓе во текот на четирите години помеѓу Олимпијадите, во најголем дел од деновите се целосно фокусирани на тренинзите и трошат огромен временски период и напор за напредок во дисциплината. Згора на тоа, во најголем дел од случаите се работи за млади луѓе во своите 20ти години од животот. 

Статистиката вели дека најголемиот дел на спортистите во припремниот период за Олимпијадите вложуваат околу 2 часа дневно на тренинг во текот на шест работни денови – ова се часови потрошени само и единствено на тренинзи, без додатните обврски за готвење, исхрана, одмор итн. Да не ги споменуваме периодите кога се вложуваат и многу повеќе од ова на дневно ниво. 

Целиот овој акумулиран товар, заедно со исклучително хаотичните денови исполнети со адреналин, дружење, измешана енергија и емоции за време на самата Олимпијада честопати знаат да финишираат со клинички знаци на депресија по завршувањето на целиот циркус. Најинтересно е тоа што оваа состојба не се манифестира само кај оние кои не успеале во целите, туку и кај оние најдобрите. 

Во кратки црти синдромот на пост-олимписката депресија може да се поврзе со емоционалната нестабилност и кревкост што секој од нас е во можност да ја доживее после големи животни одлуки и промени. Во овој случај, целиот труд и влог кој го внесле спортистите преминува во фаза на експлозија за време на Олимпијадата, за во еден момент – целосно да запре со завршувањето. 

Досега имало повеќекратни случаи на спортисти кои го имаат доживеано овој синдром. Една од нив е пливачката Алисон Шмит која и покрај освоените 5 медали (од кои 3 златни) и поставувањето на рекорд на олимпијадата во Лондон 2012, таа се најде во состојба на депресија. Истото му се има случено на Фелпс, кога најдекорираниот пливач на денешницата се најде во безизлезна состојба после рекордните 8 медали во Пекинг 2008. 

Овој проблем е веќе широко познат и голем дел од овие спортисти често бараат психијатарска помош во тешките ситуации. Според Кристин Каим, спортски психолог кој работи со вакви случаи вели дека најважната работа кај сите спортисти е да се одвои индивидуата од резултатот. 

„Спортот е нешто што треба  да го уживаш, тоа е дар, биди среќен додека го правиш. Ако освоиш медал, супер, но и покрај тоа, имај пошироки животни гледишта, отколку само да се гледаш себеси како Олимпиец.” – вели Кристин. Таа истотака додава дека е многу важно да се има долгорочен план за да се превенира депресијата кај ваквите атлети. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија