Beaches and mountains are the new offices

Наслов

Работно на Тур де Галичица

Нашите канцелариски простори викендов беа трансцендирани во мини-кампот на плажата во Стење, некаде на тивкиот преспански раб од Македонија, местото од каде што започнавме да го работиме и да го уживаме вело-проектот: „Тур де Галичица“. 

Велосипедската тура на преспнската страна од Галичица се организира веќе втора година од одлично домаќински расположените Преспа Бајк и како што тргнала работава нема да престане да се организира, прво,  затоа што е закон, а второ, затоа што на луѓето ептен ептен им се допаѓа. 

И што да ви кажеме од нашиот тежок и напорен работен викенд. Во саботата плажите ни беа наши канцеларии, ама друго од елементот Стење не ви откриваме затоа што е тајна и ви оставиме самите да си експериментирате, нормално ако сакате.

Второ, неделата, денот договорен за самата тура. Одлично време, уште поодлична локација, фантастична планина и две езера, 70 км. тура со сите марифети, асфалт за качување, офф-роуд за мерак возење. Минувавме низ јата од пеперутки, секој со секого се дружеше, видовме бело фичо на место каде што не е ретко да се види бело фичо, Суво поле и не беше баш суво, одмаравме на мека трева, фрливме поглед и на Охридско, буткавме низ едни зезнати камења и уживавме во адреналински спуст. Се` на се` тура која те прави повторно жив..

Си хау уи ар ливинг, па дојдете и вие..

23 Јуни 2014

За авторот