Наслов

Што, Што кажа? РАБДОМИОЛИЗА !?

Во ерава на популаризација на здравиот начин на живот и одржување на физичка кондиција и форма особено е важно познавањето на рабдомиолизата како последица на екстремен и лошо кординиран физички стрес.

Иако освен физичкиот фактор, болеста може да се појави заради многу други причини (воспаление, инфекција, метаболни проблеми) ние во текстот ќе се задржиме на физичкиот стрес како причина за појава на Рабдомиолизата, која е сериозно заболување потенцијално опасно по здравјето на човекот, а ретко и причина за смрт.

Дополнителни провоцирачки фактори се високата температура и влажност, недоволната хидратација на организмот, вирусните инфекции и алкохолот. Затоа е важно да се внимава и секогаш да се консултираат стручни лица особено кога се подлагате на екстремни напрегања и физички стерс кои се далеку од вашите можности.  

Обемен мускулен стрес без доволно одмор, анаеробен тип на тренинг како вежби за мускулна сила и експлозивност се доволна причина за лезии на клеточните мембрани. Ослободениот калиум во крвта доведува до аритмична срцева работа која е можна причина и за смрт во зависност од концентрацијата. Миоглобинот во мускулните клетки е кислородно депо но ослободен во крвотокот ја блокира работата на бубрезите и може да доведе до акутна бубрежна инсуфициенција.

Болеста се развива во неколку дена почнувајќи со болки и напнатост во мускулите, малаксалост, поспаност и појава на темна урина како црн чај. Овие симптоми со лабараториски докажаната миоглобинурија (миоглобин во урина) се доволен доказ за Рбдомиолизата.

Благата верзија на рабдомиолизата всушност е честа појава после интензивни тренинзи, триатлони, ултрамаратони и се препознава со малаксалост силен телесен замор и затегнатост во мускулите. Ова се докажува со високите вредности на миоглобин во крвта.
Сите анализи на ненадејни спортски колапси покажуваат 3-4 пати повисоки вредности на калиумот и миоглобинот што е доволен доказ на етиологијата. 

Во последно време на долго и на широко се зборува за рабдомиолизата особено во кросфит круговите (тука и тука) каде се напаѓа кросфитот како спорт. Но, неможе да се напаѓа одредена дисциплина или спорт кога рабдомиолизата може да се појави и додека трчате ултрамаратон, причината е обемот и интензитетот искомбиниран со неискуството и неадаптираноста на многу луѓе кои применуваат најразлични активности а особено со појавата на кросфитот кога многумина пробуваат да ги поместат своите ”граници” за многу краток период. Затоа е потребен секогаш стручен надзор и соодветно дозирање.  

Основна мерка на предпазливост се контролирани и кординирани телесни активности во однос на можностите. Добрата хидратација, опоравок и избегнување на активности на високи температури и валажност е добра препорака. Опасен е потценувачкиот однос кон телото во состојби на болести па дури и во состојба на банална настинка. Ниедна спортаска активност не е препорака за лекување на мамурни состојби (алкохолизираност).

Интересен е дека само мажите почесто заболуваат од рабдомиолиза. Се смета дека основна причина во однос на жените е разликата во мускулната маса, а супериорна заштита кај жените е естрогениот, хормон кои дава стабилизирачки ефект врз мембраните на мускулните клетки.

Рабдомиолизата статистички е ретка појава. Најчести нелагодности кај интензивните спортски активности се од кардиоваскуларна природа. Многу автори даваат оптимистички заклучоци дека шансите за рабдомиолиза кај маратонците и ултрамаратонците се исклучително мали .

12 Ноември 2013

За авторот