Наслов

Проширени вени и спортски активности

Човекот е единственото битие кое во еволутивниот развој се исправа на две нозе и единственото битие кое има проблем со проширени вени (кај четвороножните животни нема варикозни промени).

Самер Сандерс - Поранешен Олимписки шампион во пливање, по втората бременост има проблем со варикозните вени

Хемодинамските услови создадени со исправањето на двете нозе спроти земјината тежа се основи на етиопатогенезата. Промените на венските залистоци или слабоста на ѕидовите на вените произлезени од други фактори како генетска предиспозиција, хормонско метаболен фактор, бременост, зголемена телесна тежина, физичка неактивност.

Проширените вени се состојба која не смета на спортско – рекреативните перфоманси но венската стаза, ако не се превенира и лекува на време, може сериозно да ја наруши здравствената состојба. Венскиот систем е одговорен за елиминација на отпадоците од метаболните активности така да секоја инсуфициентна состојба, доведува до болки во долните екстремитети, отоци, до воспалителни компликации.

Првичниот естетски проблем треба да се прифати како сериозен сигнал за компромитацијата на венската циркулација. Основна превентивна препорака е спортска активност и користење на превентивни компресивни чорапи. Секоја спортска активност ја стимулира циркулацијата, а со тоа ја олеснува дренажата и колку да се дилатирани вените на нозете.

Препорачани се сите спортови со подолги континуирани повторувања, но со помали оптеретувања како брзо пешачење, трчање, велосипедизам, а најмногу пливање аеробик и јога. Одредени спортови како сите спортови со дигање товар, веслање, сквош, едрење и боречки спортови освен што ја оштетуваат циркулацијата ги влошуваат и веќе постоечките симптоми. Сите програми со редовни физички активности и одржување на оптимална телесна тежина, се најприфатлива превентивна мерка.

Добрата хидратација во спортот заедно со навиките за одмор со подигнати нозе за подобро растеретување т.е. венска и лимфна дренажа се лекции кои треба да се научат од рана возраст.

Ладниот туш или комбинацијата ладно/топло после спорт е благодет кои треба да го почувствувате за да не го заборавите.

Користењето на квалитетни КОМПРЕСИВНИ чорапи во комбинација со редовни спортски активности се најдобра превентивна, но и терапевска мерка.

Соодветни обувки со соодветни компресивни чорапи, редовни рекреативни активности се основа за навремено решавање на ВАШИТЕ фрустрирачки проблеми.

МОЖЕБИ ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОТЦЕНИТЕ ВАШИОТ ГЕНЕТСКИ МАТЕРЈАЛ.

14 Мај 2015

За авторот