Наслов

Предуслови за подобра јога изведба

Позитивните ефекти од јогата навистина се бројни и барем неколку минутно истегнување по сабајле може навистина да ве испрати многу поспремни и посмирени низ дневните работни обврски. Но, многу е важно правилно да го подготвите вашето тело пред да се впуштите во практикување на јога.

Самото практикување јога не подразбира механичко активирање на мускулите, туку акцент се става и на душевната рамнотежа. Затоа е потребна висока концентрација и добра подготовка на телото за изведување на јога-вежбите, во спротивно вежбањето ќе биде болно и напнато.

1. Немојте да вежбате јога со полн стомак

Се препорачува да го изедете вашиот оброк најмалку еден час пред вежбање, бидејќи јогата бара силна активност на телото, а полниот стомак ќе ве забави и ќе се чувствувате поспани. Најдобро е да јадете лесна храна и да пиете помалку течности. Многу учители по јога тврдат дека вегетеријанската храна е еден вид дополнување на јогата.

2. Дишете правилно

Правилното вдишување и издишување е основата на јогата и не можете правилно да ги изведувате вежбите доколку не дишете како што треба. Затоа користете ја дијафрагмата и длабоко вдишете и издишете низ нос за да му го обезбедите на мозокот потребниот кислород.

3. Загревајте се пред комплицирани пози

Пред да се впуштите во комплицирани вежби, како на пример Uttanasana (наведнувајќи се целосно кон подот), за загревање на телото пробајте некоја полесна вежба, како на пример Utkasana (позиција на стол со истегнати раце). Важно е да не се форсирате и да не правите непотребни притисоци на телото, посебно не оние кои предизвикуваат преголема болка додека се истегнувате.

11 Октомври 2012

За авторот