Правилно претекнување на велосипедисти

Во период кога велосипедистите (како рекреативци и спортисти така и оние кои тоа го прават за превоз) стануваат сè позастапени на патните правци и во градовите, редно време е да ги потсетиме возачите на моторните возила за едно многу едноставно правило кога во прашање е претекнувањето на велосипедист/и кои возат на патот. 

Во погорното видео Крис Бордмен и инструкторот по возење Блеин Волш го објаснуваат правилото број 163 од правилникот за возачи во Англија, нешто што се учи и кај нас, а и во цел свет, само што многумина го забораваат – како правилно се претекнува велосипедист или група на велосипедисти на патот.

Правилото е многу просто и едноставно. Било кој велосипедист или група на велосипедисти на патот ги третираш како да се друго возило и актот на претекнување треба да го правиш скоро целосно во спротивната лента (како и при претекнувањето на моторно возило) т.е. не треба да претекнуваш велосипедист во услови кога друго возило има во спротивната лента на патот.

Ова во превод значи дека треба да се остави доволно место на велосипедистот при претекнувањето за да се спречи било каква незгода или преблиско минување до велосипедот кое може да претставува опасност за овој учесник во сообраќајот, нешто што многу возачи го подзабораваат.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија