Наслов

Опремата на една балерина

Иако е варијаблино за секого, во принцип балетанките на една профи балерина издржуваат само еден двочасовен настап. За тренинг ви требаат уште десетина други парови со различни карактеристики, а за да ги модифицираш на и онака измодифицираното твое стапало треба да поседуваш сериозни кројачки вештини.

Можеби не се најатрактивниот дел од телото на една балерина, но стапалата се тие кои со редовните тренинзи, настапи и ангажмани се адаптираат на огромниот стрес што го трпат.

Балетанките од другата страна, односно главната опрема на една балерина кои се медиумот помеѓу фигурата и сцената се деформираат како алва, па затоа секоја балерина поседува огромен број на парови со различни карактеристики за различни намени.

Најинтересното е тоа што на било кој пар балетанки купени од продавница им е неопходен еден целосен ремонт пред првото носење поради самата специфичност на стапалото на балерината. Модифицирањето вклучува сечење, мачкање со шелак и разни лепаци, дотерување, дополнително шиење, омекнување... 

Регуларно, во денови на сериозни тренинзи, пар балетанки се за еднодневна употреба, а ако станува збор за професионален настап од 2 часа, тогаш нивниот век на употреба вообичаено е толку.

18 Ноември 2014

За авторот