Нашето искачување на Матерхорн

Ова лето, на средината на месец август во сопствена авантуристичка режија го организиравме нашето предсвадбено патување, посетувајќи ги швајцарските алпи и еден од најубавите и најатрактивните врвови на таа локација, Матерхорн.

Првичниот план беше јас и Ана да го качиме Дуфоршпиц (4634 мнв) кој е највисок врв на Монте Роса, но фантастичниот поглед кој се отвараше од градчето Цермат кон Матерхорн и прогнозата за убаво време тој период нè предомисли да го качиме токму овој врв. 

Од тука па натаму следуваат неколкуте инзвонредни дена кои прекрасно ги потрошивме во посетата на овој врв, а се целсно доловени во видеото погоре. 

Искачувањето беше посебно поради фактот што јас и Ана бевме првата група од Битола која го качила овој врв после качувањето на Димитар Илиевски – Мурато и неговите другари Ѓока, Бале, Мирко и Драшко во 1981 година, а исто така, мојата сегашна сопруга Ана стана првата Македонка која го качила Матерхорн од швајцарска страна.

Целосниот патепис за авантурата можете да го прочитате тука.