Мониторинг, имате ли фајде или ќе ве зајде?

Вежбачите стануваат аналитичари. На стаза гледаме сè повеќе луѓе со ГПС уреди, смартфони со апликации за спортување и други слични направи и сето тоа е убаво и во тек со технологијата, но важно е на кој начин се поставуваме спрема овие податоци.

Следењето на тренингот преку малото екранче може да има различен ефект. Од една страна, тоа може да делува силно мотивационо, како на пример кога ќе го споделите својот успех на некоја социјална мрежа и ќе добиете позитивен одговор од своите пријатели или пак кога ќе успеете да ги постигнете своите зацртани цели.

Од друга страна, добра работа е да си го следите срцевиот ритам, чекорите, потрошените калории, поминатата дистанца, каденца… Сите овие податоци може да ви бидат појдовни точки додека да си го пронајдете вистинското темпо. Но, како што компасот нема да ве натера да одлутате во природа, така и новиот ГПС уред нема да ве натера да трчате.

Негативна страна? Лесно е да ве заведат бројките и да станете опседнати со нив, па да проверувате калории или километри на секој чекор. Овие бројки треба да ви бидат фидбек за она што сте го постигнале, не да ви станат цел!! 

Најважно, останете конектирани со телото, а не со некој сателит. Броевите сами по себе се само дел од една целина. Важно е како вие се чувствувате во даден момент и каква е вашата психофизичка сосотојба.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија