Наслов

Кровот на Македонија во кристално издание

Еден роденден, па воедно и на една Република не можеше подобро да се прослави. Небото не мрдна од сјајната агрегатна состојба, ко да беше ставено на стоп, а врвот како да беше претесен за толкава публика, која имаше чест на 2754 метри надморска да ги релаксира телесните енергии.

Огромна бројка на задоволни ликови од цела Македонија, а и доста други азбуки и знамиња се качија на кровот на нашата држава за нејзиниот 22 роденден. И штета ќе беше ако на овој начин не се искористеше таков прекрасен ден.

Меѓу огромната бројка на луѓе кои беа сконцентрирани на така мала квадратура, вреди да се спомене дека Голем Кораб беше посетен и од група на педесетмина од Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ кои планинареа под мотото „До врвот, за подобар живот!".

Уживајте, а галеријата може да ја погледнете тука.

10 Септември 2013

За авторот