Наслов

Дигај тежина со саглам патики

Патиките се основа на секој спорт. Цврстата и стабилна база е нешто што е предуслов за успешен тренинг и елиминирање на несаканите повреди на долг рок.

Ако некогаш сте биле на некој Крос фит тренинг или пак на тренинг за олимписко дигање тегови, па дури и на бодибилдерски тренинг, тогаш со сигурност сте ги забележале патиките со несекојденевен дизајн. Изгледаат грубо и круто, но овие патики можат во голема мера да ја поправат формата и да бидат пресуден фактор за правилен тренинг.

Кој треба да ги користи?

Патиките за дигање тегови се направени за луѓе кои сериозно се бават со вакви спортови. Тоа значи дека доколку сте сезонски вежбач или пак правите тежински тренинзи како дополнителен функционален тренинг, тогаш ваквите патики не се неопходни за вас. Но, доколку сте сериозно посветени во спортови во и кои постојано се подигнуваат сериозни тежини тогаш инвестирањето во пар соодветни обувки може буквално да биде клучен фактор за успех.

Еве зошто:
Специјализираните патики за овие спортови се направени од цврста основа во која, за разлика од обичните или тркачките патики, вашето стапало нема да пропаѓа кога ќе подигнете сериозна тежина. Таквиот материјал и рамната подлога нуди стабилна основа која е предуслов за исфрлувачки моментум и за цврстината која тргнува од нозете продолжува низ целиот кинетички ланец. Подигнатата пета пак ќе помогне да се зголеми мобилноста на зглобот и да се намали оптеретувањето на Ахиловата тетива што пак е неопходно за да се оди подлабоко во чучањот и да се добие стабилно исфрлување нагоре.

Кога треба да се избегнуваат?
Како што веќе рековме тие се направени исклучиво за сериозни спортисти кои се посветени на тежински спортови. Со други зборови, доколку сте вежбач кои прави функционални тренинзи кои вклучуваат динамични и комплексни движења, ваквите обувки не се изборот за вас. Нивната крутост нема да оди рака под рака со плиометрични вежби како што е скокањето на платформа или пак со прескокнување јаже, трчање, интервали со брпи и така натаму. За овој тип на тренинг вообичаената патика за вежбање или трчање е сосема доволна.

Како да ги одберете?
Како и кај сите останати видови на патики и кај овие постојат многу различни произведувачи, материјали од кои се изработени, висина на која е подигната петата. Не заборавајте дека кај патиките за дигање тежина функционалноста е на прво место. Не очекувајте дека вашето стапало веднаш ќе се "пронајде" во нив. Пробувајте и не избрзувајте со одлуката. Имајте на ум дека ваквата инвестиција може да биде една од најдобрите кои сте ги направиле за себе.

27 Ноември 2018

За авторот