Апликација за уличен тренинг

За сите развиени дечки и девојки кои претпочитаат тренирање на урбана основа убави вести доаѓаат од наши балкански комшии (група дечки од Загреб) кои имаат извадено мобилна апликација за уличен тренинг, a оваа недела истата доби и убав апдејт.

Madbarz е хрватска старт-ап компанија со седиште во Загреб која овој понеделник ја објави долгоочекуваната Мadbarz апликација која е специјализирана за потпомагање на сите оние кои практикуваат уличен тренинг. 

Апликацијата накратко кажано содржи повеќе различни вежби како предлози заедно со соодветни илустрации за тоа како правилно треба да се изведат како и активните регии на мускули при нивниот изведување. Дополнително, интересно е тоа што секој може да си го следи неговиот прогрес во вежбите како и да се стави на мал спаринг со неговите пријатели во некоја од вежбите. 

Самата апликација е доста едноставна за користење и служи за да ве води низ вежбите кои ги имате замислено во вашата програма со соодветните повторувања, паузи и серии. 

Апликацијата е бесплатна и ја има достапна за iOS и Андроид

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија