Комерцијален текст

Активна столица за здраво седење

Ако ги преиспитаме нашите дневни активности ќе дојдеме до застрашувачки заклучок: Сè што правиме во текот на денот е всушност седење – во автобус или автомобил, на работа, во ресторанот или дома додека ручаме или вечераме, додека ги читаме електронските вести на нашиот компјутер или гледаме телевизија…

Долгочасовното седење може да предизвика низа негативни последици по нашето тело, првенствено на колковите и бутините. Дали ви е познат фактот за кој стручните лица постојано алармираат: константното седење и физичката неактивност УБИВААТ.

Во 21-от век повеќето активности се вршат со седење и работа на компјутер. Третина од популацијата на работното место седи по повеќе од 10 часа, не станувајќи дури ни за време на пауза за ручек. Без разлика дали свесно се одлучуваме за седален начин на живот или ни е наметнат од условите за работа – би требало да го знаеме следново: несаканите ефекти поради предолго седење на работа се лошо држење на телото, слабење на мускулатурата и болки во грбот.

Човечкото тело не е “дизајнирано” долго да седи, а ако при тоа се завзема и неправилна положба – многу очекувано е да се јават болки во грбот и колената.
Седечката положба предизвикува притисок врз колковите и ‘рбетниот столб, кој долгорочно може да доведе до повреда како што е discus hernia. Ова е повреда која бара чести терапии со лекови и физикална терапија (што подразбира често отсуствување од работа) а може да заврши и со хируршка интервенција.

Седењето не можеме да го избегнеме, но можеме стандардната столица да ја замениме со активна столица. Тоа е столица која содржи физиотопка и при тоа овозможува активност на мускулатурата на ‘рбетот и неможност за принудни положби кои водат кон деформитети на истиот и хронични болки. Седењето на физиотопка го намалува притисокот врз ‘рбетот и колковите, а со тоа и можноста за настанување на повреди на истите.

Овaа активна столица исто така овозможува и вадење на физиотопката и нејзино користење на пример за време на паузата за правење вежби за истегнување на мускулатурата, подобрување на циркулацијата. Со сето тоа би го намалите стресот, би ја подобрите концентрацијата а тоа би резултирало со подобрување на ефикасноста во работата.