6 знаци дека претерувате со тренингот

Спротивната страна од онаа блажена состојба кога телото и умот работат во хармонија, се чувствуваме исполнети и имаме осет дека тренирањето може да трае вечно. Кога чувствуваме дека сме „прегорени”.

Идентификување на синдромот на прекумерно тренирање преку разни симптоми:

Вашето темпо на работа се намалува за време на просечен тренинг.

Можеби регуларно трчате 10-ка но од некои причини се уморувате и го губите темпото. Можеби е до сигнификантна промена на временските услови, но можеби е до прекумерното тренирање. Направете одмор од неколку дена и воочете дали се враќате во форма. Ова важи не само за џогинг, туку и за се’ останато.

Се чувствувате преморени и истоштени во текот на денот.

Вежбањето треба да ви даде енергија, не да ве направи преморен. Доколку се осетите така, можеби вежбате прекумерно.

Не сте во состојба да спиете

Најголема фрустрација: се чувствуваш толку уморно што не можеш да стоиш на нозе, гушкаш перница, а не можеш око да склопиш. Одморeте се од вежбањето неколку дена!

Минорни повреди и болки почнуваат да се зголемуваат

Станува збор за мали нелагодности во одредени регии кои не се сериозни повреди. Внимателно слушајте го телото и намалете темпо кога овие болки се зголемуваат, во спротива може да направите поголема беља.

„Гребете“ по благо, повеќе од вообичаено.

Како што претерувате со тренинзите и вежбањето, телото бара повеќе „брза” енергија за да се справи со стресната ситуација. Затоа започнувате да „гребете” за прости шеќери. Ако одговорите на посакуваното, тоа негативно ќе се одрази по навиките на здрава исхрана.

Станувате полесно раздразлив.

Ексцесивното лошо расположение и нервозата може да бидат предизвикани од прекумерното тренирање. Запомнете, вежбите треба да ве прават среќен, а не гневен.


Доколку страдате од некој од симптомиве, земете неколку дена одмор од вежбањето.

Направете суплементација на тренинг рутината со малку лесна јога, медитација и масажа, а во наредните недела до две, пробајте да го намалите интензитетот на вежбање за некои 20% со што ќе му дадете простор на телото да се справи со стесот коректно.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија