102 точка фит

Дедото станал осамен. На 67 му починала жената, потоа и неговата ќерка, па почнал да бара нешто што ќе му ги пополни часовите. Епа дедото решил да фрла тегови, ни две ни три, туку на 102.

 

Реј Кларк е доказот дека никогаш не е доцна да се почне со било какво спортување или вежбање. Еден ден тој забележал дека е премногу мрзелив по дома па решил да оди во теретана.

Започнал на 98, а сега има 102 години. А се покажува како жилаво деде. На справи вежба веслање, си игра со kettlebell со што ја покажува добрата око-рака координација, а растура на рамо.

Инаку, другата интересна работа е тоа што неговиот персонален тренер има 70 години.

Прашањето е: кога вие ќе почнете да вибрирате на оваа фрекфенција?

Превземено од тука