Стимулирачко вежбање во Пар

Да се натераме сами да излеземе од зоната на конфортното не е баш така лесно. Прогресот секогаш е врзан со сопствената мотивација да се преминуваат препреки, да се совладуваат границите на сопствените можности и да се развиваме во подобри личности. 

 

Многу е мал бројот на луѓе кои кога ќе достигнат некое плато или стагнација во прогресот можат да ја прескокнат и продолжат со нови позитивни резултати. Некој особини во голема мера се генетски детерминирани но врз некој можеме многу да влијаеме. Вежбањето со партнер е одличен начин како да се постигне посакуваното на поефикасен и полесен начин.

Истражувачите од Стенфорд универзитетот во една студија наоѓаат многу позитивни ефекти кај оние луѓе кој вежбале а постојано биле охрабрувани и подржувани од своето социјално опкружување.

Во друга студија ефектот на вежбањето во пар односно со партнер бил ставен на тест со вежбата (планк). На учесниците им била дадена задача што подолго да ја задржат оваа позиција, изведувајќи ја сами или во тим со партнер каде откажувањето на едниот би значело и краен резултат за двајцата. Резултатот во пар бил за 200% поголем од резултатот кој учесниците го постигнувале сами.

Во друга студија направена врз женски испитаници се докажал поголем расход на енергија кога жените вежбале во пар со своите пријателки (236 калории) додека тренингот без партнер ги чинело само (195 калории) од салцето.

Изборот на соодветен партнер во вежбањето не е лесен и едноставен избор. Синхронизацијата во можностите (фитнес нивото) и слободното времето (дневниот распоред) се предизвик за секого, но таму каде сказалките се поклопувааат имаме позитивна старт. Карактерот е исто така клуч за меѓусебно разбирање и поткрепување во целиот процес. Воедно и интересот за типот на вежбање и индивидуалните цели се нешто што не треба да се занемари. 

Меѓусебното мотивирање, поткрепата, бодрењето и помошта што ви го нуди тренингот со партнер ќе биде додатен катализатор на вашиот прогрес.

За да видите дека во пар е интересно еве една групна демонстрација на 90 вежби со партнер, Уште подобро е ако партнерот ви е дечко/девојка тогаш со сигурност освен бицепсот и градите ќе ви се зацврсти и врската.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија