Се трудат ли младите да останат фит – интервју со Елена Бубало

Во несомнено позитивен нагорен тренд каде здравиот животен стил, вежбањето и грижата за своето тело и ум се секојдневие на се повеќе луѓе убаво е да се слушне какви мислења и ставови за оваа тема има еден фитнес тренер – Елена Бубало.

Бубало моментално е водичот на Ултимативниот фит предизвик, таа минатиот пат ни даде вовед во дел од вежбите, а денеска повеќе разговараме за нејзината улога, за натпреварувачите и тимовите.


Како Бубало стана дел од овој предизвик

Кога две екипи знаат што сакаат тогаш несомнено доѓа до брз и позитевн договор за соработка. Првата идеjа на Алгасан беше да направиме нешто поуникатно, па по неколкуте средби и прегледувања на видеата од Бубало Бут Камповите многу брзо одлучивме од каков карактер ќе биде настанот. Поточно дека истиот ќе биде од натпреварувачки карактер, за да го задржиме и друштвениот дел одредивме да се работи по тимови и тоа мешани, за дополнителна мотивација тимот предвиде и награди. За полесно да тече вежбањето неопходна е соодветна музика па одредивме и диџеј да се погрижи за истото. Кога има идеи, желба за соработка и инволвирање на спортот како неопходен дел од секојдневието лесно беше да се договориме и да го организираме за сега ПРВИОТ ФИТ ПРЕДИЗВИК од ваков карактер.

Како до сега се справуваат натпреварувачите?

Да бидам искрена, очекував дека сè ќе биде во најдобар ред во однос на натпреварувачите, но морам да нагласам дека ги надминаа и моите предвидувања. На настанот дојдоа и се пројавија натпреварувачи кои воопшто не ме познаваат, а првите два часа поминаа како да се познаваме и сме вежбале заедно. Поаѓајќи од односот и комуникацијата, разбирањето во изведба на вежбите, лесно разбирање на поставените моментални правила и останати детали, од моја гледна позиција сè изгледаше одлично, а тоа е резултат а воедно и одговор на прашањето дека се справуваат одлично. Морам да ги пофалам и да очекувам дека на следните натпреварувачки денови ќе бидат уште подобри.

По правило, на секој ваков настан се пријавуваат „тврдокорни” учесници, како ги оценуваш, од твоето искуство, пријавените натпреварувачи, ќе ги биде ли?

Тоа дека се пријавуваат само хард кор вежбачи е точно, по некои правила. Но сепак, имавме нагласено дека освен од натпреварувачки ќе биде и од забавен карактер. Нормално, тоа не значи дека може да учествува некој што воопшто не вежба, но секој што се смета себеси за подготвен, доволно мотивиран и позитивно настроен за ваков настан и нормално практикува редовно спртски активности беше потенцијален натпреварувач. Ние имавме објавено дел од тоа какви вежби се предвидени, па сите оние на кои им беа предизвик и се чувствуваа физички подготвени да ги изведат се пријавија.

А тоа дали ќе ги биде? Се потпишувам дека ќе биде ☺, сите учесници посетуваат и работат на одредени групни и индивидуални спортски програми, ги разбираат вежбите, правилно ги изведуваат секој со својата кондиционо способност, исзджливост, сила и мотивација. Очекувам на крајот дел од вежбите да ги практикуваат во понатомошните свои тренинзи и да секој замине со едно ново искуство.

Кој сегмент од предизвикот ќе има најтешка содржина за исполнување?

Според планот, интензитетот и тежнита се зголемуваат пропорционално со наближување на финалето. Нема да има драстични разлики, но сепак за да се добијат крајни резултати, издвојување на најспремните, посветените и најдобрите, секоја наредна сесија ќе си бара дисциплина, редовност и континуирано вежбање за да се постигнат високи резултати.

Активни ли се помладите генерации кај нас и се трудат ли доволно да се одржат фит?

Со задоволство позитивно ќе одговорам на ова прашање. Сè поголем е бројот на спортски клубови за различни спортски активности и дисциплини, сè повеќе родителите се инволвираат во разчлични групи на спорски движења и се првата линија од која децата учат, па секако тоа позтивно влијае на помладите генерации.

Трендот за вежбање енормно оди во нагорна линија, на тоа сите треба да се радуваме и да им овозможиме и покажаме дека постојат толку многу различни начини на поминување на слободното време а при тоа повторно истото да биде со пријателите и со омилената спортска активност.

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија