Наслов

Мирисот на железото - интервју со Зоран Колевски

Зоран Колевски е еден од најдобрите бодибилдери во нашата земја, има учество на многу домашни и меѓународни натпревари и воедно профи статус што со сигурност го притиска да биде секојпат подобар од претходниот. 

Кога за прв пат твоето тело се сретна со теговите, со мускулната болка и првите супер серии? 

Моите почетоци во бодибилдингот беа уште во тинејџерските години кога за прв пат влегов во теретана и го почувствував мирисот на железото кое ме навлече подлабоко во овој спорт.

Кој ти помогна, кој препозна во тебе талент, или сè тоа е дело на твојата проценка за да продолжиш до профи статус? 

По совети на поблиски другари кои веќе се занимаваа со овој спорт почнав посериозно да навлегувам во тајните на бодибилдингот, почнав со натпреварување како аматер и се здобив со многубројни награди како на државно така и на меѓународно ниво, за на крај да се стигне до посакуваната цел и профи статусот.

Дали се измени начинот на тренинзи или имаш некој омилени од почетоците и дали имаш тренинг партнер?  

Самиот тренажен процес од почетокот на мојата кариера па до ден денешен е многу изменет, моментално моите тренинзи се одвиваат според потребите на моето тело, и се строго професионални, така што имам 2 тренинга во текот на денот, наутро и навечер. Засега немам тренинг партнер.

Која ти е најомилена партија и каков вкус на протеин најмногу сакаш?  

Омилена партија за тренинг ми се нозете. А од вкусовите секогаш преферирам Ванила.

Сериозниот пристап ти донесе доста награди, која ти е најдрага? 

Сите награди ми се подеднакво драги зошто вложениот труд скоро за сите е ист, но ако веќе треба да одделам една, тоа би било на последното натпреварување во Мадрид на Arnold Classic 2014  кадешто освоив златен медал и со тоа се здобив со Pro Card..

Опиши ни една дневна тренинг рутина.

Мојата дневна тренинг програма се состои од утрински кардио тренинг на гладно во комбинација со вежби за стомак. Навечер работам тежински тренинг во зависност од моменталните потреби работам една до две мускулни партии.

На крај ќе те прашаме да ни кажеш дали вкусно готвиш и опиши ни го во кратки црти.

Според мене секој што се занимава со овој спорт би требало да знае да приготви добар и здрав оброк. Мој омилен оброк во off season е пилешко месо со печен компир и аспарагус. Денот го започнувам со житарки комбинирани со белковини. Во текот на денот имам од 4 до 5 оброци каде што комбинирам пилешко месо, мисиркино месо или риба со варен ориз или компир и зеленчук како свежа салата или варен.

27 Април 2015

За авторот